Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

Специјалист за регистрација на лекови

Организација

СЕПТИМА дооел

Индустрија

Фармација

Опис на работната позиција

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА РЕГУЛАТИВА

Потребни квалификации

СЕПТИМА ДООЕЛ
Друштво за увоз - извоз и трговија на големо
бул.3-та Македонска бригада бр.92 – Скопје

Со цел понатамошно обезбедување на континуиран и долгорочен пораст и развој на компанијата и нејзините вработени, распишуваме конкурс за следната работна позиција: СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА РЕГУЛАТИВА

Услови:
• VII-1 степен на стручна подготовка фармацевтска, медицинска или стоматолошка струка
• Познавање на регулативата од областа на лековите, медицинските средства и додатоците во исхрана.
• Искуство во областа на фармаковигиланца
• Завршена обука од релевантен орган или специјализација за фармаковигиланца ќе се смета за предност
• Напредно познавање на работа на компјутер (MS Windows, MS Office, Internet)
• Одлично познавање на пишан и говорен Англиски јазик (задолжително тестирање)
• Возачка дозвола Б категорија

Потребни вештини:
• Воспоставување приоритет и извршување на задачи во зададен рок
• Превземање одговорност во согласност со утврдените цели и донесување на одлуки во согласност со деловната политика на компанијата
• Одговорност, амбициозност, иницијативност, упорност, комуникативност и флексибилност

Доколку ги исполнувате наведените услови на конкурсот и сте заинтересирани за работа во динамичко опкружување, ние Ви нудиме добри услови за работа, стручна обука и можност за целосно изразување на вашите професионални вештини.
Ве молме Вашето CV заедно со препорака да го испратите најдоцна до 31.01.2026 на e-mail office@septima.com.mk со назнака за која позиција конкурирате.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор.

Објавен на: 13/01/2026

Краен рок за пријавување: 02/02/2026