Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Правник

Организација

КЕНТАУР-ИМПЕКС ДООЕЛ

Индустрија

Производство

Опис на работната позиција

Основана во 2001 година до ден денес Друштвото за производство, трговија и услуги КЕНТАУР-ИМПЕКС ДООЕЛ експорт-импорт Скопје е приватна компанија со 100 % домашен капитал. Во досегашното работење компанијата бележи се поголем раст од година во година. Круна на две децениското работење е купувањето на производните погони на фабриката ИСКРА од Куманово и нивно успешно рестартирање.
КЕНТАУР ИМПЕКС е модерна и иновативна компанија, која во главно се занимава со увоз и продажба на метални лимови и профили, како и производство на челични конструкции за секаква намена.


Оглас за вработување за работно место
ПРАВНИК

Работно место е во Куманово, во Подружница ИСКРА Куманово, ул.Железничка бр.8А, Куманово.

Потребни квалификации:
• Високо образование (Правен факултет);
• Работно искуство од најмалку 1 година;
• Познавање на MS Office пакет;
• Познавање на Англиски јазик;

Работни обврски:
• Подготовка на целокупна документација за конкретни постапки и застапување на друштвото пред надлежни институции, органи и правни лица;
• Следење и имплементација на промени во законската регулатива и усогласување со општите акти на друштвото;
• Спроведување на постапки за вработување, пријави и одјави пред надлежни органи, селекција и регрутација на вработени, водење целокупна евиденција за вработени, евидентирање во посебен софтвер -ПАНТЕОН, подготовка на сите документи што произлегуваат од работен однос:
• Подготовка на извештаи и анализи, следење на организациони промени и креирање на периодични и годишни извештаи;
• Составување и поднесувње предлози, приговори, барања и други правни акти за потребите на компанијата пред нотар, извршителите и други надлежни органи;

Способности на кандидатот:
• Способност за планирање и организирање на работни задачи поврзани со рок;
• Организациски способности, одговорност, иницијативност, исполнителност, лојалност, комуникативност;
• Способност за индивидуална работа и работа во тим;

Сите заинтересирани кандидати можат својата Професионална биографија (CV) да ja достават на мејл адресата: kentaur_impex@yahoo.com, со назнака: За работно место: За правник.

Потребни квалификации


                        

Контакт информации

Емаил

kentaur_impex@yahoo.com

Телефон

02/3239-805

Објавен на: 31/01/2024

Краен рок за пријавување: 15/02/2024