Позиција
Правен експерт
Организација
ФД СОЛИДУС ДОО БИТОЛА
Плата
1
Индустрија
Финансии и банкарство
Опис на работната позиција
• Изготвување, прибавување и доставување на соодветна документација
• Давање предлози за најоптимални решенија при склучување на сите видови на договори
• Давање правни совети и останати правни работи
• Следење и анализа на финансиската и деловната регулатива од областа на работните односи, облигациони односи, заштита на лични податоци, безбедност и здравје при работа
• Изработка, преглед и правна анализа на сите видови договори (договори за кредит, залог, хипотека, деловна соработка и сл.).
• Подготовка на интерни акти, правилници, одлуки и процедури во согласност со законската регулатива.
• Координација и комуникација со надворешни соработници (нотари, извршители, адвокати и државни институции).
• Правна поддршка во постапки за наплата на побарувања и правен ризик.
• Давање правни мислења и поддршка на останатите сектори во компанијата.
Потребни квалификации
• Висoко образование-Дипломиран правник со завршено високо образование
• Познавање на англиски јазик и работа со компјутери
• Развиени комуникациски вештини
• Одговорен, снаодлив и тимски работник
• Амбициозност и мотивираност, со желба за континуирана надградба и унапредување.
• Приоретизирање и организирање во работата,
• Остварување резултати и квалитет,
• Одлично познавање на деловното и облигационото право.
• Напредно познавање на MS Office пакетот.
• Познавање на англиски јазик (говорен и пишан).
• Развиени комуникациски, аналитички и преговарачки вештини.
• Висок степен на професионалност, дискреција и одговорност.
Објавен на: 30/10/2026
Краен рок за пријавување: 10/11/2026

