Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Комерцијалист

Организација

Ука Комерц ДООЕЛ

Индустрија

Прехранбена

Опис на работната позиција

КОМЕРЦИЈАЛИСТ

Работна територија: Скопје и околните населени места во Скопскиот регион

Работни задачи:
Посета и одржување на редовен контакт со постоечки клиенти;
Пронаоѓање и стекнување на нови клиенти;
Презентирање и продажба на производите од асортиманот на УКА КОМЕРЦ;
Работа со маркети, продавници, месарници, HORECA и други продажни места;
Следење на нарачки, испораки и наплата;
Следење на залихи, позиционирање и изложеност на производите;
Следење на конкуренцијата и пазарот на терен;
Реализација на продажни планови и поставени таргети;
Одржување на професионален однос со клиентите.
Од кандидатот очекуваме:
Претходно работно искуство во комерција/продажба ќе се смета за предност;
Комуникативност, одговорност и професионален однос;
Развиени продажни и преговарачки способности;
Самостојност и организираност во работата;
Подготвеност за теренска работа;
Возачка дозвола Б категорија;
Добро познавање на територијата на Скопје и Скопскиот регион ќе се смета за предност.
НУДИМЕ:
Конкурентна плата;
Додаток за храна;
Бонуси за остварен продажен таргет;
Платени патни трошоци;
Стабилно работно место во компанија со долгогодишно присуство на пазарот;
Работа со портфолио од над 50 производи;
Можност за професионален развој и напредување;
Стимулативна средина и можност за дополнителна заработка согласно остварените резултати.

Работно време: Полно работно време.

Доколку сте амбициозна, комуникативна и одговорна личност која сака работа на терен и развој во продажбата, испратете ја Вашата биографија (CV) на: info@ukakomerc.com.mk

Потребни квалификации

Од кандидатот очекуваме:
Претходно работно искуство во комерција/продажба ќе се смета за предност;
Комуникативност, одговорност и професионален однос;
Развиени продажни и преговарачки способности;
Самостојност и организираност во работата;
Подготвеност за теренска работа;
Возачка дозвола Б категорија;
Добро познавање на територијата на Скопје и Скопскиот регион ќе се смета за предност.

Објавен на: 26/08/2026

Краен рок за пријавување: 15/10/2026