Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Магационер

Организација

Камник

Индустрија

Хотелиерство

Опис на работната позиција

Реномирана фирма – ексклузивен ресторан од Скопје Микеи Хантинг Клуб има потреба од следната работна позиција: МАГАЦИОНЕР ЗА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ
Главни oдговорности и oбврски:

• Прием, издавање и пренос на стока/артикли - храна и пијалоци во магацин и водење компјутерска евиденција за истото

• Соодветно складирање, чување на производите во магацинот, како и издавање на производите од магацинот

• Редовно и комплетно пополнување на документацијата за магацинското работење, како и архивирање на истата

• Проверка на квалитет и квантитет на примена и издадена стока/артикли - храна и пијалоци

• Одржување на ред и хигиена во магацинските простории

• Грижа за правилно складирање, чување и манипулација со производите, како и грижа на магацинските простори

Компанијата за своите вработени нуди:

• Работа во еден од најпрестижните ресторани во градот
• Конкурентна плата
• Работа во смени
• Платена храна – обезбеден оброк и пијалоци
• Можност за усовршување и напредок

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија задолжително со фотографија на следната e-mail адреса: vrabotuvanje@kamnik.mk За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.

Потребни квалификации

Очекувани квалификации: 

• Завршено средно образование

• Одлични компјутерски вештини, искуство во software за магацинско работење ќе се смета за предност

• Познавање на MS Office пакетот

• Основно познавање на англиски јазик

• Возачка дозвола Б категорија

• Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност

Потребни способности и вештини:

• Примена на организациски вештини во магацинските простории

• Развиени комуникациски вештини

• Познавање и интерес за вина и храна

• Совесност и одговорност во извршување на рабoтните задачи

• Тимска личност

• Висока работна етика

Контакт информации

Емаил

vrabotuvanje@kamnik.mk

Телефон

02/ 2523-523

Објавен на: 06/05/2025

Краен рок за пријавување: 07/07/2025