Позиција
Финансиски Администратор
Организација
Flower Power
Индустрија
Фармација
Опис на работната позиција
📢 FLOWER POWER ДОО ВЕВЧАНИ ВРАБОТУВА
Позиција: Финансиски администратор
Flower Power ДОО Вевчани има потреба од одговорно, организирано и прецизно лице за позицијата Финансиски администратор, кое ќе биде дел од нашиот административно-финансиски тим.
Главни работни обврски:
• Внесување, обработка и евиденција на финансиска и административна документација
• Работа со влезни и излезни фактури и нивно архивирање
• Следење и подготовка на документација поврзана со плаќања и обврски
• Водење уредна финансиска и административна евиденција
• Подготовка на податоци, извештаи и документација за потребите на менаџментот и сметководството
• Комуникација и координација со добавувачи, клиенти и други надворешни соработници
• Извршување на други административни задачи поврзани со секојдневното работење на компанијата
Нудиме:
• Работа во професионална и динамична средина
• Можност за професионален развој
• Редовно работно време и стабилни услови за работа
• Работа во компанија која постојано ги развива и унапредува своите процеси
📍 Место на работа: Вевчани
Заинтересираните кандидати можат да испратат CV, со назнака „Апликација за Финансиски администратор“, на следниот емаил: irina.gjorshoski@flowerpower.mk
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.
Flower Power ДОО Вевчани
Потребни квалификации
Потребни квалификации:
• ВСС од областа на економија, финансии, сметководство или сродна област
• Претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност
• Добро познавање на MS Office, особено Excel
• Познавање на англиски јазик
• Одлични организациски способности и внимание на детали
• Одговорност, доверливост и способност за работа со рокови
• Способност за самостојна работа и работа во тим
Објавен на: 03/10/2026
Краен рок за пријавување: 08/11/2026