Позиција
Финансиски Администратор
Организација
Доорс Импекс Скопје
Плата
45000
Индустрија
Градежништво и Архитектура
Опис на работната позиција
Доорс Импекс – компанија со седиште во Скопје, специјализирана за продажба и монтажа на гаражни врати, автоматики и противпожарни врати – го проширува својот тим и објавува оглас за работна позиција:
СОРАБОТНИК ЗА АДМИНИСТРАТИВНО-ФИНАНСИСКИ РАБОТИ
Работни одговорности:
• Подготовка, обработка и архивирање на деловна и финансиска документација
• Фактурирање и следење на наплати
• Изработка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи за потребите на менаџментот
• Поддршка во тековните административно-финансиски процеси
Профил на идеален кандидат:
• Организирана и одговорна личност со аналитички пристап
• Тимски играч со добри комуникациски и интерперсонални вештини
• Проактивност и способност за работа под притисок и со прецизни рокови
• Искуство со основни сметководствени задачи ќе се смета за предност
Што нудиме:
• Стабилна работна позиција во успешна и реномирана компанија
• Пријатно и поддржувачко работно опкружување
• Можности за професионален развој и унапредување
• Конкурентна плата до 45 000 ден. со можност за бонуси врз основа на резултати
• Приватно здравствено осигурување
• Работно време: Понеделник – Петок, 08:00 – 16:00 часот (полно работно време)
Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата професионална биографија (CV) на англиски или македонски јазик на m.lichkova@doorsimpeks.mk
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.
Потребни квалификации
• Завршено најмалку средно образование (високо образование ќе се смета за предност)
• Добро познавање на англиски јазик (писмено и усмено)
• Познавање на MS Office (особено Excel)
• Претходно работно искуство на иста или слична позиција (задолжително)
• Возачка дозвола – Б категорија (пожелна)
Објавен на: 14/04/2025
Краен рок за пријавување: 03/05/2025