Позиција
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Организација
НАС МБД
Индустрија
Сметководство
Опис на работната позиција
Друштво за трговија и услуги НАС МБД дооел Скопје, за потребите на своето работење, објавува оглас за 1 (еден) овластен сметководител, за следното работно место:
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ ЗА ВНАТРЕШНО СМЕТКОВОДСТВО
Потребни квалификации:
- Високо образование-Економски факултет
- Поседување на уверение (лиценца) за овластен сметководител
- Претходно работно искуство на иста позиција од минимум три години
- Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office)
- Познавање на англиски јазик
Одговорности и задачи:
- Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото
- Контрола на книжење на финансиската и материјална документација
- Изготвување на завршни годишни сметки
- Пресметка на ДДВ и данок на добивка
- Пресметка на плати
- Плаќање на налози
- Разновидни сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи
- Подготовка на финансиски извештаи
- Уредно водење на документацијата во согласност со имплементираните стандардите за квалитет во компанијата
- Комуникација со сите релевантни државни институции
Способности и професионални вештини:
- Одлични организациски и комуникациски способности
- Способност за работа при кратки рокови
- Способност за тимска и индивидуална работа
- Систематичен пристап при работењето, ориентација кон детали
- Поседување на висок интегритет и лојалност
- Иницијативност, посветеност и амбициозност
- Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата
- Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера.
Работната позиција е за територијата на град Скопје – Кисела Вода.
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го Вашето CV,на следната е-маил адреса: nasmbd@yahoo.com или nasgas.mk@gmail.com , со назнака за работна позиција внатрешен овластен сметководител или обратете се на телефонскиот број 072/222-737. Само кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат
со максимална доверливост.
Потребни квалификации
- Високо образование-Економски факултет
- Поседување на уверение (лиценца) за овластен сметководител
- Претходно работно искуство на иста позиција од минимум три години
- Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office)
- Познавање на англиски јазик
Објавен на: 14/11/2024
Краен рок за пријавување: 21/12/2024