Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

ОПЕРАТОРИ ЗА ВО ПРОИЗВОДСТВО

Организација

ИНВЕНИО

Индустрија

Автомобилска

Опис на работната позиција

ИНВЕНИО и QHS се дел од меѓународна инженерска фирма со свои претставници во Европа, Кина, САД и Австралија. Со над триесет години искуство во областа на инженерските услуги и услугите за развој и управување на кавлитетот, нашите специјалисти учествуваат во секој еден момент од создавањето на производот.  Дејствуваме  како во нашaтa фирма, така и на територијата на претпријатието на клиентот. За потреба на нашиот клиент - фабриката Костал вработуваме:
Реон: Охрид, Струга, Ресен
Оператор во производство ќе ги извршува следните работни задачи за позицијата оператор:

Операторите се одговорни за управување со најсовремени производните машини и за спроведување на проверки за контрола на квалитетот.
Операторите гарантираат дека производите се произведуваат според највисоките стандарди, исполнувајќи ги бараните стандарди за безбедност и квалитет.
Операторите се одговорни за безбедно и ефикасно работење на производните машини и за следење на сите безбедносни процедури со цел да ја заштитат безбедноста на себе и на своите колеги.
Операторите мора да се погрижат производниот процес да се одвива непречено и дека сите производи ги исполнуваат бараните стандарди за квалитет.
Операторите исто така, мора да ги завршат проверките за контрола на квалитетот и да ги документираат сите дефекти или проблеми што се појавуваат и за сите проблеми треба да се информираат претпоставените.
Операторите имаат задача да поставуваат, надгледуваат и одржуваат машини и опрема што се користат во производните линии.
Операторите се одговорни за внесување на суровини во машините, ракување со машини, замена на делови и тестирање на готовите материјали за усогласеност.
Операторите имаат одговорност за допуштени намерни или ненамерни грешки при контрола на производите.
Операторите имаат одговорност за нанесени штети при нестручно извршена работа.
Операторите имаат одговорност за испраќање на несоодветни производи.
Операторитеимаат одговорност за допуштање на мешање на квалитетно и неквалитетно производство.
Операторите водат грижа за барањета според секоја СОП – процедури, работни инструкции, насоки од претпоставен и упатства во врска со работното место.

Нудиме:

Работа со најсовремена технологија во производството
Чиста и уредна работна средина
Обука и постојани можности за напредување
Конкурентна плата и додатоци за сменска работа
Одлични услови за работа и безбедност на работното место

Апликација: Испратете CV на office@invenio.mk или јавете се на 02/2437-775

Потребни квалификации


                        

Контакт информации

Емаил

office@invenio.mk

Телефон

02/2437-775

Објавен на: 07/09/2024

Краен рок за пријавување: 31/10/2024